Нетанјаху за насилното задушување на протестот против судските реформи во Израел

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

 Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот.

На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови и шок-бомби.

Полицајци се обидоа да ја растераат толпата. Полицијата во соопштението наведе дека уапсила 39 лица поради нарушување на јавниот ред и мир.

-Единаесет повредени демонстранти се примени во болницата „Ичилов“ во Тел Авив – изјави портпаролот на таа институција.

– Тука сум за демократија, човекови права и правда – рече Јохан Канал, 39-годишен демонстрант.

– Правото на протест не е право да се блокира земјата – одговори премиерот Бенјамин Нетанјаху синоќа на прес-конференција во Ерусалим.

Демонстрантите, рече тој, ја преминале „црвената линија“.

– Суверена земја не може да толерира анархија – додаде Нетанјаху.

Тој претходно вчера им дал поддршка на полицајците.

- Advertisement -
Ad image

Новите протести се случуваат во време кога израелскиот Парламент (Кнесет) на пленарна седница истиот ден го одобри во прво читање новиот закон како дел од судските реформи објавени на почетокот на јануари од Владата што Бенјамин Нетанјаху ја формираше во декември. со екстремно десничарски и еврејски ултраортодоксни партии.

Share This Article