„Ќе се бориме со нокти“, рече премиерот на Израел откако САД се заканија дека ќе ја суспендираат испораката на оружје ако Израел го нападне преминот Рафа во јужна Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објасни дека земјата може „да стои сама“, но подоцна рече дека се надева дека САД и Израел можат да ги надминат разликите. Тој говореше во четвртокот откако делегациите на Израел и милитантната група Хамас ги напуштија преговорите за прекин на огнот во Каиро.
Не е јасно дали разговорите пропаднале или едноставно паузирале. Хамас рано во петокот рече дека „топката сега е целосно“ во рацете на Израел, додека Израел тврди дека верзијата на Хамас за договорот не е далеку од барањата на Тел Авив.
Неуспехот да се постигне договор на овонеделната рунда состаноци ги зголеми стравувањата од неизбежен израелски напад врз Рафах, пишува Гардијан.
Изгледа дека Нетанјаху го отфрли јавното предупредување од американскиот претседател Џо Бајден претходната вечер дека доколку израелските одбранбени сили (ИДФ) започнат голема офанзива врз градот, САД нема да обезбедат бомби и артилериски гранати за поддршка на операцијата.
– Ако треба да стоиме сами, ќе стоиме сами. Ако треба ќе се бориме со нокти. Но, имаме многу повеќе од нокти – рече Нетанјаху.
Тој истакна дека Израел се приближува до 76-годишнината од својата независност, за која морал да се бори.
-Немавме оружје“, рече тој, мислејќи на војната во 1948 година и додаде:
– Имаше ембарго за оружје за Израел, но со голема сила на духот, херојство и единство меѓу нас – бевме победници.
Сепак, подоцна, во едночасовно интервју со американскиот тв водител и гуру Фил Мек Гроу Нетанјаху изјави дека се надева декавќе ги надмине разликите со Џо Бајден, веејќи дека и во минатото постоеле несогласувања меѓу Израел и САД, но „успеавме да ги надминеме“.