More

    Нетанјаху објави план за Газа, Палестинците го отфрлија

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им претстави на членовите на воениот кабинет план за Појасот Газа, според кој целта е да се замени палестинската милитантна група Хамас со „локални функционери“ кои не се поврзани со тероризмот за да управуваат со службите во енклавата, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

    Тоа е првпат плановите за Појасот Газа по војната официјално да бидат претставени на одобрување пред кабинетот, пишува ТајмсОфИзраел. Документот што Нетанјаху го претстави на состанокот во четвртокот не ја спомнува конкретно Палестинската управа, ниту го исклучува нејзиното учество во повоената администрација на Појасот Газа.

    Наместо тоа, се наведува дека граѓанските работи во Газа ќе ги водат „локални службеници“ кои имаат „административно искуство“ и кои не се поврзани со, како што е наведено, „земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот“.

    Палестинските власти одговорија на претставениот план на Нетанјаху. Министерството за надворешни работи на Палестинската управа(ПА) ги осудува плановите на премиерот Бенјамин Нетанјаху за повоена Газа, велејќи дека ги смета за „официјална повторна окупација на Појасот Газа и наметнување на израелска контрола врз него“, пренесува ТајмсОфИзраел.

    Што друго предвидува документот кој го претстави Нетанјаху? Затворање на границата со Египет за да не се „оживеат терористичките активности и шверцот“, демилитаризација и неограничена слобода на Израелските одбранбени сили (ИДФ) за да се спречи  повторување на „терористичките активности“.

    Во соопштението се наведува дека документот ќе послужи како основа за идни дискусии во врска со повоеното управување со Појасот Газа. Во планот се наведува дека непосредна цел е израелските одбранбени сили (ИДФ) да продолжат да ги остваруваат своите цели, а тоа се уништување на воените капацитети и инфраструктура на Хамас и Исламскиот џихад и ослободување на заложниците, додека долгорочна цел е да се елиминира секоја безбедносна закана од Појасот Газа.

    Нагласено е дека Израел ќе продолжи со веќе започнатиот проект за воспоставување безбедносна тампон зона на палестинската страна на границата на Појасот Газа.

    Планот на Нетанјаху, исто така, предвидува „целосна демилитаризација“ на Појасот Газа надвор од она што е неопходно за одржување на јавниот ред. Планот предвидува и затворање на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА) поради скандалот со вмешаност на 12 нејзини членови на персоналот во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

    Се наведува дека Израел ќе работи на замена на агенцијата со „одговорни меѓународни организации за помош“.

    Во документот се наведува дека планот за обнова на Појасот Газа ќе го финансираат и водат земји кои се, како што се наведува, прифатливи за Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img