Нетанјаху најави напад на Рафах со или без договор за прекин на огнот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu make a statement as the US President listens on before a meeting in Tel Aviv on October 18, 2023, amid the ongoing battles between Israel and the Palestinian group Hamas. US President Joe Biden landed in Tel Aviv on October 18, 2023 as Middle East anger flared after hundreds were killed when a rocket struck a hospital in war-torn Gaza, with Israel and the Palestinians quick to trade blame. (Photo by Brendan Smialowski / AFP)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафах, јужниот град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци.

Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафах за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор за прекин на огнот“.

Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа.

Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври минатата година кога Хамас  изврши напад на територија на Израел, но се соочува со притисок да не започннува офанзива во Рафах.

Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас.

Share This Article