More

    Нетанјаху испрати порака до Гутереш

    spot_img

    Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара од генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, „веднаш да ги префрли на сигурно“ припадниците на Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ).

    – Господине генерален секретар, однесете ги силите на УНИФИЛ на безбедно. Ова треба да се направи што е можно поскоро, веднаш – истакна Нетанјаху во снимената изјава на англиски јазик.

    Нетанјаху рече дека одбивањето на ОН да ги преместат своите мировници ги претворило во жив штит или заложници на Хезболах.

    – Дојде време да го повлечете УНИФИЛ од упориштата на Хезболах и од борбените зони – рече израелскиот лидер.

    Тој потенцира дека израелската армија (ИДФ) повеќе пати барала повлекување на УНИФИЛ од зоната на судири.

    Нетанјаху изрази и жалење за ранувањето на мировниците.

    Изминатите два дена при израелските напади повредени се пет мировници во јужен Либан. ИДФ тврди дека пукала во насока на закана.

    Во меѓувреме најмалку 40 држави изразија „целосна“ поддршка на Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) и побараа заштита на сините шлемови откако во изминатите два дена при израелските напади повредени се пет мировници.

    УНИФИЛ е создаден за да го надгледува повлекувањето на израелските војници од јужен Либан по израелската инвазија во 1978 година. ОН ја проширија својата мисија по војната помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година. Во Либан сега има распоредено повеќе од 10.000 мировници од околу 50 земји. Најголеми контингенти имаат Индонезија, Индија, Гана, Италија и Непал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img