Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град, велат од УХМР.
Во Скопје претпладнето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.