Кристијано Роналдо, славниот португалски фудбалер, оствари уште еден импресивен настап во својата богата кариера.
Фудбалерот на Ал Насра стана првиот играч со 1.000 натпревари во кариерата без пораз, објави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Роналдо до овој голем рекорд стигна по победата на неговиот Ал Наср над Персеполис со резултат 2:0. Во меѓувреме, потоа забележа уште еден меч без пораз, кога Ал Наср победи против Ал Ахли со 4:3.
Од тие 1.001 натпревар без пораз во кариерата, тој одигра 28 како член на Ал Наср, 284 како играч на Манчестер Јунајтед, 114 со Јувентус, 386 со Реал Мадрид, 21 со Спортинг Лисабон и 168 за португалската репрезентација.