Министерството за труд и социјална политика, информира дека согласно со Законот за празниците за празниците 1Мај и Велигден, неработни се 3 денови, од кои два дена се неработни за сите граѓани, а еден ден е неработен за граѓаните од православна вероисповед.
Според законот, 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани. 03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека, пак, 06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита претстојните празници.