More

    Непроверена гласина на Твитер привлече големо внимание во САД

    spot_img

    Непроверена вест дека украинскиот претседател Володимир Зеленски потрошил 5,5 милиони долари од помошта која САД ѝ ја дала на Украина за да купи луксузна вила го преплави Твитер. Порталот Њузвик проба да ја оцени веродостојноста на оваа шпекулација која го става Зеленски во позиција на корумпиран лидер против какви тој се бореше уште додека не беше претседател – туку глумеше дека е претседател во хит-серијата „Слуга на народот“.

    Но, колку е точна оваа шпекулација? Во твитот не е понуден доказ за тоа како Зеленски се здобил со овој имот.

    „САД штотуку објавија уште еден пакет помош од 1,3 милијарди долари за Украина. За потсетување…еве слика од домот на Зеленски. Леле“, напиша на својот профил Лиз Черчил, за која многумина сметаат дека шири теории на заговор.

    Таа има 273.000 следбеници. Од средата попладне, сликата што таа ја сподели доби повеќе од 1,5 милиони прегледи, 11.000 лајкови, но и критики. Луѓето побрзаа да искоментираат дека сликата е преземена од француска веб-страница за недвижнини за имот што се продава за 5,5 милиони долари.

    Се работи за веб-страницата, „Green Acres“, каде имотот е опишан како вила во стилот на Бел Епок (Убавата епоха) со површина од 850 квадратни метри. Вилата се наоѓа на неколку минути од малата држава Монако, со цена од 4,9 милиони евра. Монако е популарно место за имање викендичка кај француската елита, особено кај оние кои не сакаат да плаќаат данок во Франција.

    Составена од четири спални соби, секоја со приватна бања, за вилата се наведува дека е „прекрасно реновирана со употреба на висококвалитетни материјали“ како природен камен и мермер. Објектот има и висококвалитетен поглед на морето, а да не зборуваме за „убавиот бесконечен базен“.

     

    Ова се чини е последната поголема шпекулација за корупција со која директно се поврзува името на Зеленски. Претходно, во февруари, објава на социјалните мрежи, која беше широко споделувана, тврдеше дека украинскиот претседател има дом од 35 милиони долари на Флорида во САД и 1,2 милијарди долари на банкарска сметка во странство.

    „Зеленски поседува 15 домови, 3 приватни авиони и има месечен приход од 11 милиони долари. Зошто никој не се прашува каде оди нашата помош?“, беше твитнато од профилот на т.н. Внукот на Трамп.

    Магазинот „Форбс“ не најде докази за овие средства, додека ниту еден од записите за имот на Флорида не покажува дека тој поседувал дом во државата Саншајн. Лани магазинот процени дека портфолиото за недвижности на Зеленски вреди 4 милиони долари и дека вклучува два стана што претседателот ги поседува, пет паркинг места и комерцијален имот.

    Портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров, во февруари за АФП изјави дека тврдењата се дел од „свесен, но залуден обид да се влијае на поддршката на американското општество за борбата на украинскиот народ за слобода и правда“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img