Непозната болест во ноември предизвикала смрт кај 143 лица во југозападната Демократска Република Конго, изјавија локалните власти за британските медиуми.
– Заразените имале симптоми, слични на грип, вклучувајќи висока температура и силна главоболка – изјавија заменик-гувернерот на провинцијата Квангџу, Рами Саки, и министерот за здравство, Аполинер Јумба.
Медицински тим е испратен во погодената област за да собере примероци и да спроведе анализа за да се идентификува болеста.
– Ситуацијата е крајно загрижувачка бидејќи бројот на заразени лица продолжува да расте – изјави локалниот лидер Кефориен Манзанза, пренесен од британските медиуми.
Тој додаде дека станува збор за рурална средина, поради што има проблеми со испораката на лекови.
Саки и Јумба изјавија дека болните умираат во своите домови поради недостиг на соодветно лекување.
Локален епидемиолог изјави дека од оваа болест најмногу се погодени жените и децата.
Претставник на Светската здравствена организација денеска изјави дека пред една недела биле предупредени за заразата и дека заедно со Министерството за јавно здравје на ДР Конго работат за да ја истражат болеста.