Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник.
Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72″ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс”, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица.
-Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи – изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Похара.
Идентификацијата на телата е отежната поради состојбата на посмртните останки.
-Додека болничките тестови не покажат дека таму се посмртните останки на 72 лица, ќе продолжиме да го бараме последното лице – изјави Ајај К.Ц.
Спасувачките екипи успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион.
Фото: Илустрација