Необичен симптом кој укажува на висок кортизол – хормонот на стресот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден симптом особено говори за зголемен кортизол, хормонот на стрес во телото, а на прв поглед не е поврзан со него.

Хормонот на стрес кортизол е многу важен хормон во телото бидејќи регулира како телото реагира на стресни ситуации. Затоа е познат како хормонот на стресот, а кога е надвор од рамнотежа можни се многу несакани последици. Еден од нив е сосема неочекуван и непријатен – влакната на брадата кај жените.

Поточно, кога станува збор за нерамнотежа на хормоните, Кушингов синдром можеби не е толку чест како синдромот на полицистични јајници, но жените имаат три пати поголема веројатност да го развијат. И тоа е синдром кој предизвикува високо ниво на хормонот кортизол.

Симптомите најчесто се влакна на лицето, т.е. на брадата, но можни знаци се зголемување на телесната тежина, стрии, модринки кои лесно се појавуваат на кожата, слабост на мускулите или коските.

Може да се појави како несакан ефект од земање одредени лекови или поретко поради тумори, но и од други причини, пренесува Нова.рс.

Многу е важно да се консултирате со специјалист доколку се сомневате дека имате проблем со хормоните или воопшто имате некакви потешкотии, бидејќи колку побрзо ја добиете вистинската дијагноза и третман, толку побрзо ќе го решите проблемот и ќе спречите компликации.

Share This Article