More

    Необичен начин да се дочека Нова година

    spot_img

    Патниците се собираат, влегуваат во автобусот, каде што ги пречекува музика која го подигнува расположението, и тргнуваат за новогодишната ноќ, но не знаат каде ќе ги однесе туристичката агенција.

    Вакви изненадувања за дочек на Нова година веќе неколку години организираат туристичките агенции во Србија.

    Најчести дестинации за ваквите туристички програми се фарми, етно-домаќинства или некои необични дестинации.

    Директор на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (Ута), Александар Сеничиќ вели дека расте бројот на агенции кои ги организираат ваквите тури. Тој наведува дека патниците однапред не ја знаат точната дестинација, само го знаат времето и местото на поаѓање.

    – Има неколку програми, може да биде само дочек, тоа значи дека во објектот пристигнувате попладне, се организира вечера, музика и веселба до раните утрински часови, појадок, а потоа се враќате назад – објаснува. Сеничиќ за „Новости“.

    Се продаваат и вакви изненадувачки патувања во траење од два или три дена.

    – Тие вклучуваат реприза на новогодишната ноќ. Вообичаено утредента таму се организираат некои активности, се вари ракија, вино или се вклучени некои манифестации во самото место, разгледување на околината – вели Сеничиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img