Австралија и Англија ќе играат во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција. Во пресрет на тој натпревар, големо внимание привлекуваат случувањата надвор од теренот, не поради фудбалот, туку поради необичен љубовен триаголник. На теренот ќе има две девојки кои претходно биле во врска, а на трибините ќе биде сегашната девојка на една од нив.
Австралијката Сем Кер е во врска со Американката Кристи Мјуис, а Кристи претходно беше во врска со Британката Рејчел Дејли. Сега Сем и Рејчел ќе бидат на спротивните страни од теренот и ќе се борат за пласман во финалето. Сето ова се очекува да го следи Кристи, која остана во конкуренцијата како поддршка од трибините, откако американската репрезентација беше елиминирана од првенството по поразот од Шведска.
Дејли и Мјуис се запознале во САД додека играле за Хјустон и почнале да се забавуваат во ноември 2017 година, а раскинале две години подоцна. Тие играа за истиот тим до 2021 година, па Мјуис замина во Њујорк, а Дејли во Астон Вила, а потоа почна да се забавува со Кер во 2021 година.
Вљубените фудбалерки беа фатени и во камерата кога САД ја победија Австралија во мечот за бронзениот медал на Олимписките игри во Токио, а Кристи ја тешеше Сем по поразот.