Британскиот претприемач и славен Јутјубер Џамал Едвардс почина на 31 година, изјави неговата фирма за Би-би-си.
На само 15-годишна возраст, Џамал Едвардс основал канал на Јутјуб на кој објавува снимки од неговите пријатели како пеат. Тој основал онлајн музичка платформа, SBTV, која му помогнала да започне бројни музички кариери, вклучувајќи ја и кариерата на Ед Ширан.
Едвардс го основаше SBTV, онлајн урбана музичка платформа која помогна да се започнат кариерите на уметниците како Дејв, Ед Ширан и Скепта.
Од Џамал се прости и фудбалскиот клуб Челзи, со оглед на тоа дека ќе биде нивни голем навивач.
Се збогуваа и организаторите на наградата МБО, која им се доделува на музичарите како дел од достигнувањата на ар-ен-би, соул, реге, џез, госпел и африканска музика.
По повод неговата смрт се огласи и пејачката Дуа Липа.
„Срцето ми се скрши кога ја слушнав оваа тажна вест. Почивај во мир, Џамал. Моите мисли се со неговите пријатели, семејството и луѓето чии животи ги одбележа и ги поврза. Тој замина прерано“, напиша Дуа Липа.
На почетокот на овој месец, тој присуствуваше на доделувањето на наградите Брит, а во саботата вечерта, наводно, настапил како и обично како диџеј на свирка во северен Лондон. Веста во неделата вечерта ја потврди мајката на Џамал.
ФОТО: Инстаграм