Моделот Џереми Рулеман ненадејно почина на 27-годишна возраст. Причината за смртта на младиот американски модел засега е непозната.
Рулеман последен пат на Инстаграм се огласил пред три дена.
Меѓу првите кои ја објавија веста за неговата смрт е дизајнерот Кристијан Сириано, кој го сметаше Рулеман за своја муза.
„Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој имаше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот маж, кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на сѐ. Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Одмори се добро Џереми, сите те сакаме многу. Испратете му љубов денес на неговото семејство, ве молам“, напишал Сириано на Инстаграм.
Рулеман претходно студирал психологија, но во 2017 година одлучил да ја продолжи кариерата како модел. Тој се појавил на неколку модни ревии на Сириано и бил модел за различни брендови и дизајнери.