За време на немирите во автономната област Каракалпакстан на Узбекистан, загинаа 18 лица, а 243 се ранети, соопштија властите во Ташкент.
Немирите избувнаа поради најавите за ограничувања на автономијата на Каралпакстан, според Ројтерс.
Уапсени се 516 лица, но властите тврдат дека повеќето од нив се ослободени.
Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев изјави дека се откажува од менување на уставните одредби поврзани со автономијата на Каракалпакстан, но прогласи вонредна состојба во таа област, на северозападот на земјата.