Српскиот фудбалер Немања Гудељ ги воодушеви своите фанови на Инстаграм објавувајќи фотографија од својата сопруга Анастасија без шминка. Детаљот кој привлече посебно внимание е промената на нејзиното презиме на Инстаграм.
Промената на презимето на Анастасија Ражнатовиќ, инаку, ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, на Инстаграм од „ражнатовиќ анастасија“ во „анастасија гудељ“ воодушеви многумина. Инаку, двајцата ја прославија првата годишнина од бракот на Ибица, Шпанија.
Гудељ директно не ја коментирал промената, но на фотографијата на својата сопруга на Инстаграм додал емотикон со срце и зборот „жена“.
Обожавателите брзо ја забележаа промената и го изразија своето задоволство и поддршка за парот.
Многумина коментираа колку е убава Анастасија без шминка, а други на споменатата социјална мрежа изразија радост поради евентуалната промена на презимето.