More

    Немаме ни желба, ни за што да преговараме, вели Главчев

    spot_img

    Бугарија нема повторно да преговара за условите од договорот со Република Северна Македонија, изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев.

    – Нема за што да се преговара. Имаме позиција на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас би рекол дека нема од наша страна желба за преговори, нема за што да преговараме. Постои европска позиција. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не ги почитува своите обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција. Република Северна Македонија не го почитува Договорот од Преспа, затоа го кажавме нашиот став на највисоко можно ниво во Европскиот совет – рече тој, пренесе БНР.бг.

    Средбата на бугарскиот претседател Румен Радев со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова беше планирана за 14:30 часот по бугарско време во Кабинетот на бугарскиот претседател.

    Ова е прва средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија, Румен Радев откако во Рим на чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј не се сретнаа.

    Во македонската делегација во Софија денеска се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img