More

    Немал среќа, па купил бензин и ги запалил автоматите

    spot_img

    Основниот Суд во Велес во прв степен го осуди лицето Д.М. на ефективна казна затвор во времетраење од шест години, поради тоа што на 18 јануари 2024 година, откако го посетил автомат клубот „Вила Зора“ во Велес, излегол оттаму, купил бензин и го ставил во две пластични шишиња, се вратил, ги полеал апаратите за игри на среќа и столовите и ги запалил. Со таквите дејствија предизвикал целосно опожарување на објектот и со тоа ги ставил во опасност вработените, но и станарите кои живеат во зградата.

    Јавноста беше згрозена од овој инцидент кој освен значителна материјална штета можеше да заврши многу трагично и да однесе и човечки животи.

    „Со вака изречената кривична санкција, судот цени дека ќе биде постигната целта на казнувањето како на специјален, така и на генерален план“, стои во образложението на пресудата на Основниот Суд во Велес.

    Во последниот период од билтените на МВР јавноста се информира за исти или слични кривични дејствија со кои се нанесува материјална или нематеријална штета во објекти каде се одвиваат игри на среќа. Приредувачите на игри на среќа велат дека имаат добра соработка и редовна координација со МВР за превентивни мерки за сузбивање на ваков тип кривични дела.

    Пресудата на Основниот Суд во Велес е сериозна порака до сите оние кои поради тоа што самите одлучиле да си ја испробаат среќата и не им тргнало по планот, помислуваат дека можат во афект да дивеат и да сторуваат тешки кривични дела против општата сигурност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img