Нема злосторничко здружување, нема артефакти – обвинението стои на стаклени нозе

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По седум години судски процес, сѐ уште останува неизвесно дали осумтемина обвинети – меѓу кои и познатиот инфектолог и универзитетски професор д-р Вело Марковски – навистина тргувале со непроценливо културно наследство или, пак, завршиле во „Процес“ од Кафка.

На рочиштето, коешто се одржа во петокот во Кривичниот суд во Скопје, Обвинителството, предводено од обвинителката Маја Коневска, призна делумна капитулација: делото „злосторничко здружување“ е повлечено поради апсолутна застареност.

Сепак, Обвинителството упорно се обидува да ја одржи обвинителната конструкција на нозе – налик на распарчена стара марионета што постојано се крпи со нови конци – преку преформулирање на истите, одамна разнишани, настани во нови обвиненија за „присвојување добра под привремена заштита и природни реткости“.

Во петокот во Кривичниот суд во Скопје беше презентиран новиот обвинителен акт: делото „злосторничко здружување“ по член 394 од Кривичниот законик е повлечено поради апсолутна застареност.

Редоследот на обвинетите е сменет: сега првообвинет е Ристе Панов, потоа следуваат Александар Босилјанов, д-р Вело Марковски, Имер Дани и Андони Бојаџи.

Ситуацијата е уште позаплеткана ако се земе предвид дека еден од обвинетите, Живко Ристовски, веќе е починат, а другиот – Имер Дани – призна вина за прикривање и за злосторничко здружување, но не и за трговија.

Во своето излагање обвинителката Маја Коневска уште еднаш ја нагласи важноста на археолошките локалитети и ризикот од „уништување на контекстот на археолошкиот локалитет” дури и со аматерско користење метал-детектори.

Притоа, Коневска опиша сценарија во кои наводните археолошки добра биле нудени на албански државјани, иако за самата продажба нема докази – туку само снимки на состаноци, разговори и претпоставки за идни намени.

– Панов ја започна одбраната со категорично тврдење дека никогаш не бил пронајден археолошки доказ. И тоа е така. Бидејќи тој добро знае дека тоа е казниво, дека не треба да се прикриваат, па не ги чувал дома – претпоставува обвинителката.

- Advertisement -
Ad image

Меѓу доказите и понатаму фигурираат камчиња кои се наоѓаат во продавници како „Фенг Шуи“ за по 400-1.000 денари, сувенири од пазари и мистични кругови на земја нацртани со масло, кои обвинителството ги интерпретира како доказ за илегални ископувања.

Вело Марковски има машина за патување низ времето?

Интересно е што, на рочиштето во петокот, Обвинителството првпат тврдеше дека д-р Вело Марковски и Ристе Панов заедно ископале парички што ги чувале кај Марковски.

Ова тврдење се судира со фактите: одбраната презентираше докази дека паричките биле фотографирани и заведени во компјутер на Марковски уште во периодот 2010-2016 година, што ги потврди и судскиот вештак, далеку пред наводното основање на злосторничкото здружение.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, самото вештачење покажува дека спорните парички вредат околу 3 евра по парче – далеку од вредноста што би ја оправдала приказната за меѓународна трговија со артефакти.

Наместо докази – сценарија за страшните последици

Според досегашните факти и разговори со упатени страни, создавањето нов обвинителен акт што повторно се потпира на истите дејствија, но сега без група, остава впечаток на обид да се спасат остатоците од неуспешната првична конструкција.

Аргументите на Обвинителството, што се пласираат, се движат на тенка линија меѓу правната фантазија и реалноста:

– дека би било страшно доколку би дошле стручни лица од Англија и би ги изнеле „артефактите“;
– дека изјавата на Ристе Панов дека „крие нешто кај човек во Скопје“ наводно се однесува на д-р Вело Марковски, без конкретен доказ.

Обвинителката Маја Коневска во завршниот збор ја потенцираше опасноста од можните последици – што би се случило доколку артефактите навистина биле продадени – дури и ако конкретно такво дејствие не било извршено. Можеби нема докази за продадени артефакти на масони, Евреи или на експерти од Англија, за кои одбраната укажа дека веројатно се фиктивни ликови, создадени од инспекторите кои ја воделе истрагата – но би било страшно доколку би постоеле и доколку „злосторничката банда“ би им ги продала „артефактите“ од бувјак.

Во својот исказ на претходното рочиште, д-р Вело Марковски, истакна дека токму инспекторите, а не обвинетите, ги користеле термините како „артефакти“, „големиот мајстор“ и „ложи“, дека тие се обиделе вештачки да конструираат настани и структури што не постоеле, само за да создадат слика на организирано криминално здружение.

Но, Обвинителството инсистира дека и самата намера била доволно опасна за да оправда кривична одговорност, дури и да станува збор за фиктивни ликови.

Сето тоа, без конкретен доказ дека предметите се ископани, продадени или дека обвинетите уништиле нешто со вистинска историска вредност.

Се ближи крајот на маратонското судење 

Обично апсурдистичките дела се куси – ни самиот читател не сака да се мачи додека ги следи страдањата на протагонистите, фатени во мрежата на контрадикторната стварност во приказната.

Сепак, ова четиво има толстоевска должина и е мачно долго, агонично и болно. Но, сѐ има свој крај, а следното рочиште е резервирано за завршни зборови на одбраната – ритуалното финале на овој процес.

По толку години сведоштва, вештачења, испитувања и склопување теории, последниот збор ќе биде оставен на судијката Софче Гаврилова Ефремова.

Дали судот конечно ќе ја откопа вистината или само ќе ја закопа уште подлабоко?

Share This Article