Нема замрзнување на платите во јавниот сектор, бараме системско решение

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во синдикатите гледаме партнер да ги решиме работите со платите во јавниот сектор. Треба да има едно системско, одржливо решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор и со кое ќе нема потреба секои шест месеци да се преговара со синдикатите. Напротив, треба да имаме решение кое секоја година ќе важи и тоа во рамки на законот и Општиот колективен договор – изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Барањето на Синдикатите за повисоки плати во јавниот сектор и основица за пресметка да се просечната плата во државата за министерот за финансии Фатмир Бесими е прифатливо решение но дали има пари во Буџетот за да се излезе во пресрет на барањата, засега нема одговор.

Во мометнот во Министерството за финансии се прават пресметки дали во Буџетот има доволно пари за да се излезе во пресрет на барањето на Синдикатот просечната плата да биде основица за пресметка на личните доходи, според истиот принцип како и за избраните и именуваните функционери. Министерот Бесими нема одговор кога и колку ќе се зголемат платите, но уверува дека замрзнување на платите нема да има. Одлуката да им ја зголеми платата само на дел од вработените во финансии за 30 отсто ја оправдува со постојаниот одлив на стручниот кадар од оваа институција. Со оваа одлука не се опфатени УЈП, Царина и други институции, кои се во составот на Министерството за финансии и се соочуваат со истиот проблем.

– Во финансии за жал, во последните четири години 20 проценти, или повеќе од 160 вработени, го напуштиле министертвото и тоа е сериозна бројка. За жал, најкавлитетните си одат, затоа што платите во приватниот сектор, во делот финансии, се значително повисоки – појасни Бесими.

Тој тврди дека платите во јавниот сектор нема да се замрзнат, а покачувањето ќе биде во текот на оваа година.

Во меѓувреме, повисоките функционерски плати за 78 отсто веќе се исплаќаат. Според пресметките на Министерството за финансии за зголемените примања на 1.060 фунцкионери, годишно ќе бидат потребни повеќе од 15 милиони евра.

Share This Article