Унгарија нема да ја поддржи Украина за ниту едно прашање во меѓународните односи додека Украина не ги врати некогашните права на етничките Унгарци на својата територија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред унгарскиот парламент.
Унгарија е во спор со Украина поради, како што вели Орбан, ограничувањето на правата на околу 150.000 етнички Унгарци, првенствено да го користат мајчиниот јазик во образовниот систем, откако Украина во 2017 година усвои закон за ограничување на употребата на јазиците на малцинствата во училиштата.