Нема никаква опасност по курсот на денарот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ќе останеме во зоната на умерена инфлација и нема сценарио во кое може да има удар врз курсот на денарот, смета универзитетскиот професор Никола Поповски, поранешен министер за финансии и член на Советот на Народната банка.

Тој во вчерашното гостување на емисијата „24 анализа“ посочи дека инфлаторните притисоци се застапени секаде – во Еврозоната, во Германија како нејзина најголема економија, во Соединетите Американски Држави, каде инфлацијата е околу 7 проценти.

Тој рече дека нашата економија е само мал остров во океанот и дека поскапувањата се резултат на она што се случува глобално.

Според Поповски, нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот.

-Нашата инфлација веројатно до крајот на годината ќе се намали. Ударот беше јануарски, поради еднократното зголемување на цените на електричната енергија и парното. Девизните резерви се на високо ниво, на тоа упатува и извештајот на ММФ, каде се тоа се квантифицира. Во услови на врзан курс со еврото, ние ги имаме сите инструменти кај нас на располагање па дури и кога има инфлација. Оваа е умерена инфлација. И во теоријата кога е едноцифрена инфлацијата, таа е умерена. Ние ќе останеме во зоната на умерена инфлација – оцени Поповски.

Како предизвици кои доаѓаат за ценовните движења, Поповски ги посочи и развојот на руско-украинскиот конфликт, како и одмрзнувањето на цените на храната, која беше привремена мерка.

Share This Article