Нема неработна недела за културните работници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од Советот на Синдикатот на културата на Република Македонија(СКРМ) известија дека во дел од институциите од културата не е исплатена платата за месец јануари, поради тоа што нивните пресметки за плата се направени согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира. А другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена.

„Ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите. Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден. Исто така, бараме од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, СКРМ ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“, порачаа од Советот на СКРМ.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply