Нема криза за луксузни автомобили

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Луксузните автомобили не се погодени од кризата на трошоците за живот, бидејќи британскиот производител на автомобили „Ролс-Ројс“ во 2022 оствари најголема годишна продажба со вкупно 6.021 продадени примероци.

Ова претставува зголемување од осум отсто во однос на 2021 година, со испораки до клиенти во околу 50 земји, соопшти компанијата која припаѓа на германската групација „БМВ“.

Најмногу автомобили се продадени во САД, Кина и Европа, додека остатокот од автомобилскиот пазар сè уште закрепнува од пандемијата на коронавирусот и глобалниот недостиг на полупроводници.

Сепак, брендовите на луксузни автомобили како „бентли“ и „бугати“ постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.

Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата „Ламборџини“ (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

Share This Article