Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска до директорите на Центрите за социјална работа, меѓуопштинските центри за социјална работа, јавните установи испрати укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со Изборниот законик.
„Укажувањето се однесува на законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборната кампања. Непочитувањето на обврските и забраните од укажувањето повлекува кривично – правна одговорност согласно законските прописи. Во наредниот период доколку било кој граѓанин забележи злоупотреба на ресурси, агитирање, партиски активности, злоупотреба за службената положба во функција на влијаење на слободната волја на граѓаните веднаш да го пријави истото во министерството на 02/3106456 или на емаил kabinet@mtsp.gov.mk“ се наведува во соопштението.