Поради хроничен недостиг од лекари специјалисти, општата болница во Копривница ги покани лекарите во пензија повторно да се вклучат во работата во таа здравствена установа.
За девет лекари специјалисти во пензија се нуди работен ангажман до половина од работното време. Болницата го објави тендерот во среда и ги повикува да ги испратат сите потребни документи, покрај потврдата за здравствена состојба.
Болницата Копривница бара по еден доктор специјалист по радиологија, кардиологија, гастроентерологија, урогинекологија, гинекологија и акушерство, клиничка цитологија, физикална медицина и рехабилитација, инфектологија и неврологија, пишува Даница.хр.
Рокот за пријавување е осум дена од објавувањето на јавниот оглас, така што може да се пријавите најдоцна до четврток следната недела.