Нема индиции за каков било намерен напад на територијата на земја членка на НАТО, соопшти денеска портпаролот на Алијансата, откако во Романија во близина на границата со Украина беа пронајдени остатоци од руски дрон.
ека инцидентите предизвикани од руските беспилотни летала кои влегле во воздушниот простор на Романија се „неодговорни и потенцијално опасни“ и дека во последните денови НАТО ги зголемил мерките за следење, вклучувајќи воздушни патроли.
Претходно денеска романското Министерство за одбрана соопшти дека во близина на градот Плауру кај границата со Украина се пронајдени остатоци од руски дрон, по рускиот напад во средата вечерта врз цивилната и пристанишната инфраструктура во Украина.