Нема да има застој, во текот на зимските месеци во изградбата на патиштата кои се градат во земјава

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема да има застој, во текот на зимските месеци во изградбата на патиштата кои се градат во земјава, најави денеска од Штип, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Градежните компании кои работат на неколку патни правци во земјава имаат набавено специјални адитиви. Во зимски услови ќе се асфалтира на делница од Страцин кон Длабочица и на делницата Кичево-Охрид. На делницата кон Охрид набавен е адитивот од страна на тројцата градежни изведувачи и ќе почнат со асфалтирањето, со цел овој автопат од Кичево до Охрид, барем во едниот правец да биде пуштен во употреба пред летната туристичка сезона.

Трајановски истакна дека ваквите адитиви масовно се употребуваат во западно – европските земји, пред се во Германија, Норвешка, Шведска.

Со ова компаниите немаат застој во градежните работи од ноември до март, туку можат да работат и во текот на зимските месеци, односно во деновите кога нема дожд или снег.

Трајановски истакна дека во фаза на евалуација е патот од Скопје кон Блаце, кој е еден од поскапите проекти, бидејќи теренот е ридско-планински, има многу тунели, вијадукти.

– Правиме и студија за неговата исплатливост, но истовремено се евалуација на предквалификација и ако заврши некаде април месец, треба да заврши овој месец, но после тоа се подготвува тендерската документација. Така да некаде во април, мај месец би требало да се објави и тендерот за изведба – вели Трајановски.

Тој додаде дека активно се работи на автопиштата кои ги работи „Бехтел и Енка“, се работи на новата делница од Кичево кон Гостивар, односно до Букојчани, а до селото Црвец направен е проектот и се прави евалуација на предквалификација. Истовремено се проектира и патот од Црвец до Букојчани, а ова проектирање треба да заврши во февруари 2025.

– Почнуваме со проектирање од Требеништа до албанска граница. Таму се предвидува наместо да идеме на Ќафасан, да се направи тунел од наша страна и од албанската страна, веќе има прелиминарни договори со албанската Влада по пола да се финансира тој тунел. Така да ќе биде многу полесно, побезбедно, побрзо движењето меѓу Македонија и Албанија – изјави Трајановски.

Тој потенцираше дека  интензивно се работи и на експресниот пат Градско-Дреново, на потегот од Градски до Фариш, додека од Фариш до Дреновска клисура на овој потег ќе се одложат градежните работи, бидејќи има небезбедни косини, карпести делови, кои можат да доведат до опасност при движење по тој пат.

- Advertisement -
Ad image

Но, како што рече Трајановски, се надева дека Градско-Фариш ќе биде пуштен за сообраќај до Нова година.

Интензивно се работи на патот од Страцин до Крива Паланка, додека од Крива Паланка кон Куманово до Длабочица е завршена делницата, а останува од Длабочица до Страцин. Трајановски најави дека наредната година почнуваат со проектирање и на патот од Куманово до Страцин.

Share This Article