Нема да гласаме за интерпелацијата, вели Мицкоски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи иницијативата за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека партија има голем број на аргументи за таквиот став, а иницијативата, според него, е глупава и незрела.

– Ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши и ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива и имаме голем број аргументи зошто тоа не треба да го направиме, затоа што разликата во водењето на Македонија од оваа влада и онаа влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна и тоа веќе се чувствува насекаде – рече премиерот Мицкоски.

Интерпелацијата е закажана за утре.

Share This Article