More

    Неконтролираните климатски промени го земаат својот данок: ЕУ „се подготвува за реалноста“

    spot_img

    Европската комисија усвои сет на нови насоки за да им помогне на членките на ЕУ да се прилагодат на климатските промени и подобро да се подготват за нивните растечки последици.

    Насоките на ЕК треба да им помогнат на земјите да ги ажурираат и имплементираат сеопфатните национални стратегии, планови и политики за адаптација во согласност со Европскиот закон за климата и Стратегијата за адаптација на климатските промени.

    „Од екстремни топлотни бранови и разорни суши, до смртоносни шумски пожари и ерозија на крајбрежјето од зголемувањето на нивото на морето, влијанијата од неконтролираните климатски промени се добро познати и веќе земаат голем данок“. Целта на овие упатства е да им се помогне на земјите-членки да ги подобрат своите подготовки за реалноста на овие брзорастечки последици“, соопшти Комисијата.

    Во соопштението се потсетуваат на последните заклучоци од извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кои ја нагласуваат итноста за прилагодување на климатските промени.

    „Можностите да се обезбеди одржлива иднина за сите брзо се затвораат“, а „забрзаната промена во активностите за адаптација оваа деценија ќе ги намали проектираните загуби и штети за луѓето и екосистемите и ќе донесе нови заеднички придобивки“, се оценува во извештајот.

    Комисијата рече дека насоките се „моќна алатка“ за националните администрации да ја направат климатската адаптација главен политички приоритет.

    Државите треба да усвојат пристап кој имплицира дека целата влада учествува во креирањето на политиката за прилагодување кон климатските промени со координација на повеќе нивоа, и хоризонтално, помеѓу различни министерства и вертикално, на сите нивоа на власт, вклучително и регионално и локално.

    Политиката за адаптација треба да вклучува, меѓу другото, законодавна рамка наместо „мека политика“, редовно ажурирање на стратегиите и плановите, проценки на климатскиот ризик врз основа на резултатите од редовното тестирање на инфраструктурата и системите, како и постојано следење и евалуација на сите активности.

    Во креирањето на политиките треба да учествуваат сите заинтересирани страни, вклучително и оние кои се особено ранливи на климатските промени, како и сите релевантни сектори и сите нивоа на јавна администрација, со доволно кадровски и финансиски ресурси.

    Насоките, исто така, укажуваат на потребата да се намали нееднаквиот товар на климатските ризици и да се обезбеди правичност во распределбата на придобивките од адаптацијата.

    Бидејќи сите членки веќе имаат стратегии или планови за прилагодување на климатските промени, овие упатства треба да им помогнат да ги обноват и подобрат.

    Потпретседателот на Комисијата за европски зелен договор Франс Тимерманс рече дека овие упатства ќе им помогнат на сите земји, региони и локални власти на ЕУ да планираат ефективни мерки за адаптација за заштита на граѓаните, бизнисите, градовите и природата од влијанието на климатските промени.

    Временските настани што многу Европејци ги доживуваат деновиве ќе станат уште поекстремни и почести доколку климатските промени продолжат неконтролирани. Тие се болен потсетник дека активностите за ублажување и адаптација треба да се забрзаат“, рече Тимерманс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img