Неколкумесечно бебе вчера било донесено починато во Градска општа болница „8 Септември“.
Од болницата случајот го пријавиле во полиција околу 14:30 часот.
„Лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција“, информира МВР.