More

    Неколку повредени во ракетен напад врз американска база во Ирак

    spot_img

    Неколку лица се повредени денеска при ракетен напад врз американска воздушна база во Ирак, јавува француската новинска агенција АФП. Претходно американските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија за најмалку две ракети од типот Катјуша кои ја погодиле споменатата база во западен Ирак.

    Неименуван функционер потврди за АФП дека базата Ал Асад била цел на ракетен напад, а во нападот наводно биле повредени неколку американски персонал.

    Никој не ја презеде одговорноста за нападот, а тој се случи во време на зголемени тензии на Блискиот Исток во очекување на одмазднички напад од Иран по наводниот израелски атентат на палестинскиот политички лидер на движењето Хамас, Исмаил Ханија.

    Американските трупи, кои одржуваа присуство во Ирак повеќе од 20 години по инвазијата, беа цел на слични напади на вооружените групи поврзани со Иран од октомври минатата година. Американската армија во Сирија неколкупати била цел на слични напади.

    Минатата недела, американскиот напад врз ирачките борци
    Американските сили во вторникот извршија воздушен напад во централен Ирак против борци кои, наводно, се обидувале да лансираат беспилотни летала врз цели на американската војска и нејзините сојузници, при што загинаа четири лица.

    Воениот портпарол на ирачкиот премиер го опиша нападот како грозоморно злосторство и бесрамен чин на агресија. Тој додаде дека нападот се случил и покрај напредната фаза на разговорите за завршување на мисијата на коалицијата предводена од САД во Ирак и за транзиција кон „билатерални безбедносни односи“.

    Американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот израелски колега Јоав Галант денеска во телефонски разговор се согласија дека нападот на американската база во Ирак значи опасна ескалација на ситуацијата и укажува на дестабилизирачка улога на Иран во регионот. За време на разговорот, Остин ја повтори посветеноста на Вашингтон за безбедноста на Израел против заканите од Иран, Хезболах и други групи поврзани со Иран, јавува катарската телевизија Ал Џезира.

    За нападот знаеле и американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. „Разговаравме за мерките за одбрана на нашите сили и одговор на потенцијалните напади врз нашиот персонал“, објави Белата куќа.

    Со оглед на сегашните тензии, Пентагон во петокот објави дека САД ќе испратат дополнителни воени бродови и воени авиони на Блискиот Исток за да помогнат во одбраната на Израел додека продолжува да ја напаѓа Газа, каде што уби најмалку 39.623 Палестинци за 10 месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img