Неколку луѓе се убиен во пукање што се случи во Чесапик, Вирџинија, околу 22 часот по локално време. Напаѓачот отворил оган во продавница Волмарт, а сè уште не се знае точно колку луѓе се убиени.
Напаѓачот е пронајден мртов во продавницата, изјави портпаролот на локалната полиција Лео Косински.
– Полицајците влегле во продавницата и пронашле повеќе мртви и повредени – рече Косински и додаде дека полицијата сè уште не може да го потврди точниот број на загинати, но смета дека има „помалку од десет”.
Косински рече дека верува оти полицијата не отворила оган, но и оти меѓу загинатите е и напаѓачот. Полицајците сè уште ја разгледуваат продавницата во потрага по жртви.
Градските власти на Чесапик побараа од луѓето да се држат настрана од продавницата за време на истрагата.
Вработен во Волмарт се уклучи во живо на социјалните мрежи, кажувајќи им на гледачите дека неговиот менаџер влегол во просторијата за одмор и застрелал повеќе членови на персоналот.
Сенаторката од сојузната држава Вирџинија Луис Лукас објави изјава во која вели дека е „апсолутно скршена од тага поради тоа што последното масовно пукање во Америка се случи во Волмарт” во нејзиниот округ.
– Нема да запрам додека не најдеме решенија за ставање крај на оваа епидемија на насилство со оружје во нашата земја која однесе толку многу животи – нагласи таа.