Неколку куќи се изгорени, според локалните власти, во големиот пожар што претпладнево избувна во приморското место Ватера, во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неколку куќи се изгорени, според локалните власти, во големиот пожар што претпладнево избувна во приморското место Ватера, во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос, а жителите се превентивно евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Префектот на островите во северниот дел на Егејското Море, Костас Муѕурис за грчката телевизија ЕРТ рече дека во пожарот се изгорени неколку домови, а разговарал со министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис за од Атина, итно да стигнат на Лезбос воздушни средства.

Преку бројот 112 за итни случаи, беше побарано од жителите на Ватера да се евакуираат, откако огнената стихија од планината се симна кон населеното место.

Според локалните медиуми од островот, станува збор за туристичко место, а освен домови, биле евакуирани и хотели.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 50 пожарникари со два пешадиски тима, 17 возила, седум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините.

Share This Article