Седиштето на републиканците во Вашингтон е под целосна блокада, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Њузвик“, некој наводно испратил „aмпули со крв“ во просториите на Републиканската партија.
На терен се единици со одела за заштита од хемикалии, како и припадници на полицијата. Полицијата на Капитол соопшти дека истражува „сомнителна супстанца“ која е пронајдена, а оттогаш го отстранила сомнителниот пакет.
„Членовите на кабинетот и другиот персонал треба да ја избегнуваат областа до понатамошно известување“, се вели во соопштението.