Некој ги истепал тренерите на ФК Беласица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од фудбалскиот клуб Беласица попладнево соопштија дека нивниот тим и членови на стручниот штаб се физички и вербални нападнати на стадионот на Фортуна од Сингелиќ каде требаше да го играат натпреварот со Локомотива Пехчево.

„Скандал пред почетокот на натпреварот од Втората македонска фудбалска лига ФК Пехчево Скопје – ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје. Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот“, наведено е во објавата на ФК Беласица.

Share This Article