Иако пред три години играше во полуфиналето на Лигата на шампионите, Олимпик Лион сега е статистички најлошиот тим во петте најсилни европски лиги.
Откако минатата сезона, во која го освоија седмото место во лигата, што ги остави без настап во Европа, беше прогласена за неуспешна, во Олимпик Лион веројатно сегашната ситуација би ја смениле со минатосезонската.
Имено, поранешниот седумкратен шампион и тимот кој пред нешто повеќе од три години играше во полуфиналето на Лигата на шампионите, по елиминацијата на Јувентус и Манчестер Сити, моментално е најлошиот тим во елитниот европски фудбал.
Тие не знаат како е да се биде во водство оваа сезона
Освен што го држи последното место во француската Лига 1 со само два освоени бода, Лион е единствениот тим во петте најсилни лиги што во ниту еден момент сезонава не беше во водство!
Екипата на Лион има и поразителни 3:13 голови разлика.
За среќа или не, пред нив се двата најважни натпревари во сезоната. Лориен (6 бода, 16. место) прво доаѓа кај Жерланд, а потоа и Клермон (исто така два бода).
Ова е можност да се извлечат од оваа незавидна ситуација, но доколку не забележат две победи, борбата за опстанок во лигата ќе стане реалност. Веќе го сменија тренерот, пред нешто повеќе од две недели клупата ја презеде нивниот поранешен играч Фабио Гросо и сега на него е да ги извади од неволја.
Тоа е неверојатна ситуација за клуб кој не толку одамна беше голема француска сила, освои седум титули и секоја сезона влегуваше во Лигата на шампионите како таен фаворит.