Холивудската актерка Никол Кидман ненамерно стана „меме“ откако камерата ја забележа нејзината реакција кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите.
Фотографијата на која 54-годишната актерка изгледа шокирано брзо стана вирална на Твитер, а фановите коментираа дека нејзината реакција е универзална.
„Никол Кидман треба да добие Оскар за најдобра реакција на Вил Смит кој му удри шлаканица на Крис Рок“, напиша еден од гледачите на Твитер.
Вил (53) ги шокираше публиката и љубителите на филмот кога излезе на сцената и му удри шлаканица на Крис, кој ја додели наградата за најдобар документарен филм.
Крис Рок се пошегува на сметка на сопругата на Вил, актерката Џејд Пинкет Смит.
Откако повторно седна, лутиот Вил го предупреди Крис „да го држи името на неговата сопруга подалеку од устата“, додека публиката седеше во шокантна тишина.
Никол Кидман беше една од најдобро облечените гостинки, а носеше сив фустан од „Армани Приве“ со детали „пеплум“ на половината и мал шлеп.
ФОТО: Твитер/Инстаграм