Нејзиниот син бил убиен во нападот врз Израел. „Да имав 10 сина, ќе ги испратев сите, горд сум“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A picture taken on December 11, 2021 shows the shattered windows and blackened walls of a mosque damaged in a blast inside the Burj al-Shemali refugee camp for Palestinians outside the southern Lebanese port city of Tyre, on December. An explosion in a storage depot rocked a Palestinian refugee camp in south Lebanon yesterday injuring a number of people, Lebanese and Palestinian sources said. The blast hit near a mosque in the Burj al-Shemali camp outside Tyre, a Lebanese military source said, adding he had no exact casualty figure. (Photo by Mahmoud ZAYYAT / AFP)

Најмоќната воена сила во земјата, Хезболах, денеска организираше собири низ Либан, повикувајќи на солидарност на арапскиот свет.

Во палестинскиот бегалски камп Бурџ ал Шемали во јужен Либан попладнево се подготвуваат за еден таков митинг. Кампот го водат различни палестински фракции, вклучително и Исламски џихад.

Новинар на Би-би-си пишува дека дошол овде за да се сретне со мајката на еден од милитантите од таа група, кој во понеделникот преминал во Израел и бил убиен од израелските одбранбени сили. Ова беше еден од неколкуте инциденти во кои беа вклучени Израел и либански милитанти кои се случија долж границата откако Хамас го нападна Израел во саботата.

45-годишната Азаб Муса рече дека е „горда“ на својот син, 22-годишниот Хамза и дека го „охрабрила“ да продолжи со нападот. „Ми кажа што ќе прави… Стоев покрај него и се погрижив да не се откаже“, рече таа.

„Да имав 10 сина, ќе ги испратев сите да го сторат истото затоа што треба да си ја вратиме земјата.

Семејството пристигнало во Либан од Сирија во 2011 година, по почетокот на тамошната граѓанска војна и никогаш не биле на местото што го нарекуваат Палестина.

Братот на Хамза, 20-годишниот Мохамед, рече дека тој не бил поврзан со ниту една група, но дека е подготвен да направи нешто слично на тоа што го направил неговиот брат. „Секој човек овде е горд на него.

Насилството долж либанско-израелската граница засега е ограничено. Но, постојат стравувања дека ако борбите ескалираат, Либан би можел да биде вовлечен во овој конфликт.

Share This Article