Нејмар ќе мора да си бара нов клуб

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан може да го води Пари Сен-Жермен.

„Мундо Депортиво“ тврди дека 50-годишниот Французин има намера да се врати на тренерската работа. Покрај можното враќање во Реал Мадрид, Зидан би можел да го предводи и ПСЖ. Во овој случај парискиот клуб ќе го напушти Нејмар.

Зидан претходно беше во комбинација за селекторската позиција во француската репрезентација, но раководството на тамошната федерација реши да го продолжи договорот со Дидие Дешам.

Инаку, ПСЖ сезонава повторно „киксна“ во Лигата на шампионите, а не блеска ниту во француското првенство, па иднината на сегашниот тренер Кристоф Галтие е неизвесна.

Share This Article