More

    Нејмар го престигна Пеле за титулата најдобар стрелец во Бразил

    spot_img

    Нејмар стана најдобар стрелец на сите времиња во Бразил и го престигна легендарниот Пеле откако постигна два гола во победата од 5-1 против Боливија во Белем во 1. коло од квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка во 2026 година.

    На 125 меѓународни натпревари, Нејмар постигна 79 гола, а Едсон Арантес до Насименто Пеле, кој почина на 29 декември минатата година, постигна 95 гола за репрезентацијата на 113 натпревари, но тука спаѓаат и пријателските натпревари со различни репрезентации на Бразил, кои Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не го призна. Така, Пеле, трикратниот светски шампион со Бразил (1958, 1962, 1970), постигна 77 гола на 92 официјални натпревари од 1957 до 1971 година.

    Нејмар, кој од летото настапува за саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал, а воедно е и капитен на бразилската репрезентација, има просек од 0,63 голови по натпревар. 31-годишниот Нејмар натпреварот против Боливија го започна рамноправно со Пеле и можеше да го надмине во 17. минута кога реализираше пенал, но неговиот слаб удар лесно го одбрани голманот Гиљермо Вискара. Така Нејмар мораше да го чека второто полувреме во кое двапати беше успешен најпрвин во 61. минута, па во 90. минута и Родриго (24, 53) двапати погоди, а Рафиња зголеми на 3-0. Стрелец на единствениот гол за Боливијците беше Виктор Абрега во 78. минута.

    „Многу сум среќен, немам зборови бидејќи не ни претпоставував дека ќе го постигнам овој рекорд. Од овој момент сакам да кажам дека тоа што го направив не значи дека сум подобар од Пеле“, изјави Нејмар на новинарите по натпреварот.

    Во вториот вечерен натпревар Уругвај со новиот селектор, Аргентинецот Марсело Биелса го совлада Чиле со 3-1 (2:0). Јунак на уругвајската победа беше Николас де ла Круз, кој беше прецизен во 38. и 71. минута. Во меѓувреме, Федерико Валверде го зголеми водството на двократните светски шампиони (1930, 1950) на крајот од првото полувреме. Стрелец на конечниот гол беше Артуро Видал во 74. минута.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img