More

    Неизвесност на Вол Стрит го чека извештајот за инфлацијата

    spot_img

    На Волстрит, Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во понеделникот, по многу нестабилното тргување, бидејќи инвеститорите не беа сигурни дали американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки или ќе го запре процесот.

    Dow Jones зајакна 0,30 отсто, на 33.586 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10 отсто, на 4.109 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,03 отсто, на 12.084 поени.

    На самиот почеток на вчерашното тргување овие индекси паднаа бидејќи во петокот беше објавен извештај според кој бројот на вработени во САД е зголемен за 236.000, значително помалку од еден месец претходно.

    Стапката на невработеност, пак, падна од 3,6 на 3,5 отсто, додека растот на платите забави втор месец по ред.

    Иако податоците беа во согласност со очекувањата на аналитичарите и покажаа дека затегнувањето на монетарната политика од страна на ФЕД дава резултати, инвеститорите стравуваат дека не е доволно централната банка да го прекине циклусот на зголемување на каматите.

    Затоа, пазарот на пари сега проценува дека има 74 отсто шанси ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки за уште 0,25 процентни поени на состанокот во мај, во споредба со околу 49 отсто пред извештајот за работните места.

    Сепак, пазарот вчера се смири, а индексите ги вратија почетните загуби, при што Dow Jones и S&P 500 ја завршија сесијата со позитивна нота.

    „Ова беше ден без јасна насока на пазарот. Инвеститорите сè уште веруваат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени во мај, зголемувајќи го ризикот од рецесија. Дополнително, инвеститорите се нервозни пред извештаите за потрошувачките и производните цени“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

    Извештајот за потрошувачките цени во САД ќе биде објавен во четврток, а за цените на производителите во петок. Тие извештаи ќе им дадат на инвеститорите поцелосна слика за забавувањето на инфлацијата во март.

    И оваа недела започнува сезоната на објавување квартални деловни резултати на компаниите. Во петок, големите три банки – Citigroup, JPMorgan Chase и WellsFargo – ќе објават извештаи, кои би можеле да дадат појасна слика за ситуацијата во секторот, по колапсот на неколку регионални банки во март.

    Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде за 5,2 отсто помала во првиот квартал во однос на истиот квартал лани, додека на почетокот на кварталот очекувале заработката да порасне за 1,4 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img