Неизвесна ноќ ги очекува жителите на Сплит и неговата околина, откако избувна пожар во Жрновница, пренесуваат медиумите во регионот.
Имено, пожарот избувнал во понеделникот по удар на гром, а денеска во попладневните часови стигнал до куќите. Пожарникарите посочуваат дека ситуацијата е сериозна, а на терен ги има повеќе од 130. Мирис на чад се чувствува и во Сплит, пренесуваат тамошните медиуми.
„Во Сплит ужасно мириса на изгорено и паѓа пепел“, коментира жителка на Сплит.
Од „Слободна Далмација“ наведуваат дека сѐ повеќе туристи стравуваат од ширење на пожарот и ги напуштаат изнајмените апартмани. Поради големото количество чад, некои носат маски на лицето.
За гаснење на пожарот на отворен простор во реонот на Жрновница, покрај жителите, беа испратени и пожарникари од интервентните противпожарни бригади од Задар, Сплит и Шибеник, како и пожарникари од окрузите а биле ангажирани и Задар и Градот Загреб, истакнале вечерва од Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ), пренесува „Вечерњи.хр“.
„Има активен пожар на отворен простор, за кој ЖВОЦ Сплит доби пријава во 22:44 часот во месноста Жрновница, Марковача. Пожарот настанал на неколку локации поради удар на гром и зафатил трева, ниска вегетација и шума“, соопшти утрово Хрватското противпожарно друштво.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани и противпожарни авиони.