Тркало се откачи од приватен автобус со број 78 во Белград во понеделникот, а удри две жени, од кои едната им подлегна на повредите. Бизарниот случај остави многу прашалници за граѓаните во Србија, а сега еден возач од српското Градско сообраќајно претпријатие тврди дека возачот на автобусот бил странец од Шри Ланка и дека бил неискусен во работата.
– Со оглед на тоа дека се работи за странец од Шри Ланка (возачот), претпоставувам дека до тоа довело неговото неискуство. Имам информации дека луѓе (со возачка) од Б категорија дошле во Белград, па истиот ден можеле да добијат и (возачки од) други категории – вели возачот Зоран Стефановиќ.
Тој рече и дека „возачот мора да почувствувал дека нешто не е во ред“ и дека „процесот за одвојување на тркалото од возилото е во тек, а тоа мора да се види“.
Стефановиќ информира и дека државните автобуси на ГСП во Србија се сервисираат секојдневно, на шест месеци и на една година, но дека за приватните автобуси нема информација.
На прашањето дали механичарот е одговорен тој вели дека мајсторот најверојатно визуелно го проверил автобусот, „можноста да се случи такво нешто е 50:50“.
Во меѓувреме српското Основно јавно обвинителство вчера соопшти дека е приведен механичарот И.Р. во времетраење од 48 часа. Тој ќе биде сослушан поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
Автобусот број 78 бил сопственот на приватната автобуска компанија Банбус доо.