Неименуван хирург три пати бесно удира 82-годишна пациентка во текот на операција во видео кое стана вирално на социјалната мрежа Икс. Снимката во јавноста ја објавила кинеската докторка Аи Фен, а според нејзино кажување инцидентот се случил во југозападна Кина во градот Гунганг, во 2019 година, за време на очна операција.
На снимката се гледа дека пациентката се поместува чувствувајќи го ударот иако била под локална анестезија.
Управата на групацијата веднаш го суспендирала хирургот и го сменила директорот на болницата.