Јас сум Хусо Сидран од Босна, почна оплакувањето на возачот на мотор кој го запре австралискиот полицаец. Кога видел дека полицаецот не го разбира, се обидел на англиски.
Споменатиот Хусо вели дека веќе 15 години вози мотор во Австралија и не му е јасно зошто полицаецот го запрел.
Немал ниту дозвола, ниту регистрација, а движејќи се преку паркот рекол дека отишол да пазари.
Кога забележал дека полицаецот има намера да го казни, одеднаш заборавил дека знае англиски.
Најсмешниот дел е кога полицаецот се обидува да му објасни како кацигата за моторчето што ја носи не може да го спаси доколку падне од моторот.
– А, немој да ме заебаваш! – Хусо во еден момент се изнервира.
Меѓутоа ништо не му помогнало на Хусо, тој е казнет со 295 долари и 3 поени поради неносење кацига. Само не е јасно каде ќе му ги запишат поените, затоа што нема дозвола…