Недостигаат кадри од повеќе здравствени струки, меѓу кои и акушерки

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Недостигаат кадри од повеќе здравствени струки, меѓу кои и акушерки. Соговорниците на МИА потврдуваат дека од година во година бројката на акушерки се намалува, а се заменуваат со медицински сестри.

Во 2004 година во нашата држава имало 1.180 акушерки, во 2022 бројот бил 237. Статистичките податоци не се комплетно точни бидејќи има акушерки кои работат на други работни места или воопшто не работат како акушерки, но во родилиштата во родилните сали во моментов работат 237 акушерки.

Дипломираната акушерка, Тања Трајковска, која воедно е и потпретседателка на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, претседателка на одборот на акушерки во Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и поранешен претседател на секцијата на акушерки.

– Недостигот на акушерки е премногу голем и тој недостиг се продлабочува бидејќи во минатото едукацијата на акушерките беше на секои три до четири години, така да оваа година имаше поголем одлив, во смисол на пензионирање. Недостигот се создава со години систематично и тоа пред сѐ се должи на медикализација на породувањето, сѐ поголемиот број на царски резови, приватизација на примарната здравствена заштита и несоодветниот образовен систем – вели Трајковска.

Проблемот со продуцирање на соодветен кадар настанал во 1995 година, кога како што вели Трајковска државата и министерствата за здравство и образование, следејќи ги директивите на Европската Унија, со правилник го укинале образованието на акушерките на ниво на средно училиште. Таа смета дека образовниот систем тука ја направи својата најголема грешка, бидејќи не ги следел доследно насоките на ЕУ комплетно да ги укине типовите на едукација на ниво на средно образование и да остане доследна на секторските директиви за едукација на акушерките на ниво на студии. Наместо тоа се вовеле неколку типови на образовни системи во средните стручни училишта, притоа експериментирајќи со образованието – ФАРЕ-програма, која пак, како што вели Трајковска, резултирала со некомплетно образование.

На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје од вкупниот број на медицински сестри и акушерки, речиси изедначен е бројот на медицински сестри и на акушерки.

„Факт е дека секоја година бројката на акушерки се намалува. Од вкупно 192 медицински сестри и акушерки, 92 се акушерки. Местата за акушерки се заменуваат со медицински сестри поради тоа што генерално, во државата, има недостиг од овој вид на обучен кадар. Нашата клиника е најголемо родилиште во земјава, па оттука секогаш имаме потреба од поголем број на акушерки“, велат од Клиниката.

Оттаму рекоа дека недостигот на акушерки е поради тоа што подолг временски период во средните медицински училишта немаше паралелки за акушерки. Секако, нагласуваат, дел од причините за недостигот е одливот на кадар.

„Одливот на кадар е сеприсутен, па не е одбегната ниту категоријата акушерки. Причините зошто и акушерките заминуваат да работат во други држави веројатно се финансиски, но пред се, индивидуални. Мора да се отворат повеќе паралелки за акушерки во средните медицински училишта и да продолжат студиите за дипломирани акушерки на факултетите“, нагласија од Клиниката во одговорот за МИА.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article