Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип. Државата обезбеди 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација, информира Министерството за здравство.

Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица .

-Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи – велат од МЗ.

Граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на порталот vakcinacija.mk.

Share This Article